Доктор Горан Николов, како специјалист невролог работи веќе 18 години. Своето големо искуство го градел во земјите од Западен Балкан, но и во Австрија. Во Кувајт се преселил во 2014 и сега работи во приватната болница „Хади“ како општ невролог.
Иако Средниот Исток не е стандардна дестинација за заминување на работа во странство за докторите од Македонија, доктор Николов вели дека животот во Кувајт е лесен, безбеден и убав, многу полесен отколку кај нас.
– Животот овде е одличен. Тоа го сфатив уште првиот ден кога дојдовме со моето семејство, затоа што работните услови овде ви овозможуваат доволно време и ресурси да се посветите на семејството и да уживате во слободното време. Овде мораме да се фокусираме на работа и мислите не ни ги одвлекуваат други работи, се останато е организирано од болницата (пред се мислам на административните работи, живеалиште, се околу вашиот автомобил…) Рака на срце, за млади луѓе е малку потешко затоа што нема многу забава, барови и ноќни клубови. Ама има многу можности за секој да си го организира своето слободно време на најубав и најзабавен начин.
Не е помалки важно и дека условите во болницата се фасцинантни – од најмодерна апаратура, иновации и техники на работење, па се до стручноста на колегиумот кој е интернационален. Исто така, континуираниот процес на едукација, секојдневните тренинзи и консултации уште повеќе го зајакнува потенцијалниот квалитет во нас – вели Николов.
Каква е ситуацијата што се однесува до финансиите? Дали е скапо во Кувајт?
Кувајт не е прескапа држава, доколку се спореди со државите во нејзина околина како што се Соединетите Емирати затоа што платите се значително поголеми споредбено со Европските медицински центри.
Која би била вашата препорака до младите и поискусни доктори кои сакаат да ја променат својата локација или професионални задачи?
Дефинитивно да ја пробаат можноста во Кувајт – преубава средина која маѓепсува со своите можности за професионален и приватен развој. Кога зборуваме за Кувајт, важно е да се знае дека болниците и медицинските установи се врвна медицинска инвестиција. Во рамката на овие инвестиции, државата ја формираше Dhaman – Кувајтска здравствено осигурувачка компанија основана под наредба на Министерството како дел од Кувајтскиот план за развој и грижа за преку 2 милиони луѓе во Кувајт. Dhaman е структуиран како јавно – приватно партнерство и капитал од околу 800 милиони US долари во сосопственост на Кувајтскиот инвестициски фонд и јавни институции за социјално осигурување на граѓаните на Кувајт и Arab Holding Group.
Кои се карактеристиките на овој проект – која е разликата помеѓу другите проекти во светот?
Dhaman е еден вид иновација во свотот на здравствените инвестиции. Со вкупен инвестициски фонд од 4,8 милијарди и повеќе од 2 милиони странци кои работат и живеат во Кувајт, Кувајт овозможува здравствена заштита во мрежата на клиники Dhaman за голем дел на семејства во оваа богата држава. Инвеститорите планираат до 2021 година да се изградат 12 поликлиники и 3 болници функционални во потполност.
Исто така, постои многу добро организиран систем на здравствено осигурување за странски државјани и приватни болници преку кој секој кој живее во Кувајт може да добие врвна здравствена заштита. Приватните болници се во потполност вклопени во системот на здравствено осигурување, но нудат и можности за приватно плаќање и доплата за смештај кој е на ниво на хотел со 5 ѕвезди и дополнителна нега и консултација со докторите. Секако дека сите пациенти се сместени во приватни, еднокреветни соби.
Би напоменал и дека во речиси сите болници се достапни најнови дијагностички апарати, а за лекување, сите лекови кои можат да се најдат во богатите Европски држави и САД.
Дали чувствувате големи културни разлики?
Уште некој збор за жителите на Кувајт: И покрај големите разлики во културата, традициите, начинот на живот и сл. Овде се луѓето многу љубезни, лесно се воспоставува контакт со нив, секогаш се подготвени да пружат помош. Исто така и како пациенти се многу благодарни и ја почитуваат работата на лекарите.
Повеќе информации во врска со животот во Кувајт како и работата како доктор во кувајтските клиники Dhaman, можете да најдете на официјалниот сајт на Quinteso https://quinteso.co/