Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин предупреди дека НАТО мора да расте и да се менува или постои разик да биде надминато.
Одговарајќи на прашања на новинарите дали е НАТО застарено или доживелао „мозочен удар“,како што оценува францускиот претседател Емануел Макрон, државниот секретар кажа „дека минаа 70 години… треба да расте и да се менува. Треба да се соочи со реалноста и предизвиците на денешнината“.
– Доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикаснa и застаренa – заклучи американскиот државен секретар Мајк Помпео.