Хоџа: Планираните инвестиции ќе се реализираат и покрај најавените избори

Тој изрази надеж дека и покрај изборите политичкиот амбиент во земјава ќе биде на добро ниво и оти во позитивна насока ќе одат преговорите за евроинтеграции.

87

Изборите секогаш негативно влијаат на инвестициите, особено на странските директни инвестиции, но се надевам на добар политички амбиент во земјава и на позитивна насока во преговорите со Европската Унија што секако ќе помогне за реализација на веќе планираните инвестиции, порача денеска претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) Неби Хоџа.

– Како бизнис заедница СКСЗМ годинава инвестираше 42 милиони евра што е речиси двојно повеќе од лани кога имаше инвестиции од 23 милиони евра. За пофалба е што имаме за 100 проценти зголемени инвестиции во ситуација во која и немаше баш добар амбиент за инвестиции. Тоа покажува дека бизнисите кои се веќе стабилни во државава имаат однапред испланирани инвестиции и ги реализираат согласно планот – изјави Хоџа во одговор на прашање по доделувањето на наградите Топ 100 на СКСЗМ.

Тој изрази надеж дека и покрај изборите политичкиот амбиент во земјава ќе биде на добро ниво и оти во позитивна насока ќе одат преговорите за евроинтеграции.

– Тоа ќе има дополнително позитивно влијание кај нашите, а најмногу кај странските инвестиции. Се надеваме дека ќе бидат разрешени и нашите барања за олеснување на бариерите со кои се соочуваме во секојдневниот живот и дека ќе нема дополнителни проблеми со соседните држави во транспортот, давачките и царинските бариери за бизнисите – рече Хоџа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...