Разбојници украле приколка со 8.000 влезници за Дизниленд

Приколката припаѓала на Здружението на млади фармери на Калифорнија, и била украдена од просториите на таа организација во градот Галт.

100

Разбојници украле приколка во САД во која имало 8.000 билети за Дизниленд. Приколката припаѓала на Здружението на млади фармери на Калифорнија, и била украдена од просториите на таа организација во градот Галт, јужно од Сакраменто.

Надлежните наведуваат дека на снимките од сигурносните камери, се гледа пикап возило со темна боја, како се приближува до приколката и заминува со неа.

Полицијата ги повика граѓаните да помогнат во потрагата и предупредува на претпазливост, доколку купуваат влезници за Дизниленд од непознат извор. Вредноста на влезниците изнесува безмалку милион долари, но Дизниленд ги прогласи за неважечки веднаш по кражбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...