Меркел не ја прифаќа дијагнозата на Макрон за НАТО

777

Германската канцеларка Ангела Меркел го отфрли мислењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ и посочи дека такви коментари не се потребни.

На средбата со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, Меркел истакна дека Макрон „користи драстични зборови“, дополнувајќи дека тоа не е и нејзино мислење за соработката во НАТО.

– Не мислам дека вакви оценки се неопходни, па дури и ако имаме проблеми, треба да сме сплотени – потенцираше германската канцеларка.

Од својата страна, Столтенберг потенцираше дека Алијансата е силна, укажувајќи дека САД и Европа „соработуваат повеќе отколку во изминатите декади“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД, односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...