Танц фест 2018: Вечерва танцови продукции од Виена, Литванија и Будимпешта

208

И вечерва на сцената нa Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, ќе бидат изведени три современи танцови продукции во рамки на програмата „Share“ на фестивалот Танц фест 2018.

Ќе се претстават „Универзитет за музика и култура на Градот Виена“ од Австрија со кореографиите „Три атомосферични студии“ на Вилијам Форсајт и „Работите се распаѓаат“ на Естер Балфе; „Академијата за култура“ од Латвија,  со кореографиите „ #beautyisourduty #flawless #goodgenesiguess #beautyiseverything #iwokeuplikethis #beautyishername #lovewhoyouare #beautifulpeople #fitfam #vogue #beautyisinside“ на Лаура Кушке, „Дневникот на Ана“ на Јана Јацука, „Nr.3“ на Наурис Микелис Гоба и Ксенија Симанова и „Monsieur QooQoo“ на Алина Михаилова. Последни ќе настапат танчерите од Академијата за современ танц од Будимпешта, Унгарија со претставата „Опсесија“ во кореографија на Тијен Лотон.

Во Скопје, во центарот ЗЕБРА и Кино Култура се оджуваат работилници за современ танц, предводени од гостите професори : Агнешка Беднац од Полска, Дамјан Кортез Алберти од Линц, Гедре Јанкоскине од Литванија, Естер Балфе од Виена, Адријана Данчевска од Универзите

Универзитет за музика и уметност на Виена

Програмите за танц на Универизтет за музика и уметност на Градот Виена, Австрија вклучува два основни, независни програми за: современ танц и класичен балет, како и танцова педагогија и прелиминарни курсеви за танц за млади од 10-15 години старост. Фокусот на програмата е во интензивна настава, таа е кариктеристична по широкиот спектар на методи кои се изучуваат за формирање на танчери, кореографи и педагози. Програмата е отворена кон различни креативни процеси, со учество на домашни професори и гости од странство. Се посветува големо внимание на интердисциплинарност, инклузивност, социо-политичка одговорност и фокусирнаост на изработка на проекти.

Академија за култура – Латвија

Програмата на академијата има за цел да ги подгтови студентти теоретски и практично, да ги насочи кон независна мисла и креативност, да создаде современи танчери и кореографи кои ќе работат во Латвија и во странство, како добри професионалци, мотивирани и насочени кон истражувачка работа. Во процесот на студирање, студентите имаат можост за генерална наобразба, интегрирана во теоретска и практична настава во дисциплините на современиот и класичниот танц, како и знаења за движењата на телото, теории, методологии, техники и современи танцови насоки. Студентите се здобиваат со знаења од литературата, музиката, историја на филозофијата, како и курсеви, кои обезбедуваат теоретски знаења и практична обука во танцовиот сектор, методологија и историја, импровизација и контакт-импровизација, класичен балет, методологија и историја на класична и современа танцова теорија, функционална анатомија, „Фелденкреис“ метод, актерски основи и др.

Академија за современ танц од Будимпешта, Унгарија

Академијаta за современ танц од Будимпешта e препознаена од државата како високо едукативна институција, во која преовладува интимен и пријатен амбиент. Оваа академија нуди можности за трогодишни додпиломски студии за современи танцчери и двегодишни магистерски студии за педагози по современ танц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...