Индиската полиција соопшти дека го уапсила 38-годишниот Веланки Симхадри под сомнение дека убил десет луѓе во индиската држава Андра Прадеш ставајќи им цијанис во храната или лековите, а потоа крадел пари, злато или сребро од жртвите.
Тој на некои од жртвите им давал прасадам, верско јадење во кое ставал цијанид, додека другите ги убедувал дека цијанидот е традиционален лек.
Според полицијата Симхадри го украл имотот на девет жртви.
Тој е уапсен, но против него не е покренато обвинение ниту е одреден датумот за судење. Во согласност индискиот закон за убиство предвидена е смртна или доживотна затворска казна.
Според полицијата, Симхадри имал големи долгови откако изгубил пари на недвижен имот. Тој почнал да кради пари и злато од познаниците, а подоцна ги убивал со цијанид. Со парите од жртвите Симхадри купил една, и изградил уште една куќа.
Симхадри признал дека убил десет лица и оти ги покрал за да води луксузен живот.
За време на апсењето кај Симхадри се пронајдени 163.400 рупии (околу 2.300 долари) и мало количество цијанид.