Северна и Јужна Кореја денеска воспоставија директна телефонска линија меѓу нивните претседатели, овозможувајќи директен контант меѓу Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун.
Директната линија е поставена меѓу претседателската канцеларија во Сеул Чеонг Вае Дае (Сината куќа) и севернокорејската комисија за државни работи, предводена од Ким.
Претставници на Сината куќа соопштија дека директната линија меѓу лидерите на двете земји ќе помогне за натамошно намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.
Двајцата претседатели ќе се сретнат на 27 април во демилитаризираната зона.