Доделени наградите на 52. Детски Рацинови средби

Гран-при наградата на литературниот конкурс ја доби Софија Ичкова, втора година  од СОУ „Богданци“ од Богданци, а Гран-при наградата на ликовниот конкурс ѝ беше доделена на Елена Ивчева, втора година од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес.

95
Годинашните 52. Детски Рацинови средби вчера беа отворени со доделување награди од конкурсите за литературни и ликовни дела на тема „Белите мугри во светлината на денот“, на кои учествуваа ученици од повеќе основни и средни училишта во земјава.
Гран-при наградата на литературниот конкурс ја доби Софија Ичкова, втора година  од СОУ „Богданци“ од Богданци, а Гран-при наградата на ликовниот конкурс ѝ беше доделена на Елена Ивчева, втора година од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес.
Во „Сокачето на поезијата“ пред Спомен-куќата на Рацин се одржа поетско читање на наградените творби. Учениците од повеќе училишта во земјава кои учествуваат на 52. Детски Рацинови средби  во Спомен-куќа на Рацин ги разгледаа неговите предмети, грнчарската работилница и изложбата за Коста Солев Рацин.
Манифестацијата денеска  во Велес продолжи со Поетски караван во градинките, основните и средните училишта и во Ученичкиот дом. Ќе заврши попладне во Ликовниот салон каде што ќе биде промовирана книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ на Лила Арсова.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...