Вечерва премиера на „Партија реми“ во Драмски театар

Со оваа претстава актерот Ѓокица Лукаревски ќе одбележи 40 години актерска кариера. 

135
20130531 Friday 1111 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Драмски театар-Скопје вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, со која актерот Ѓокица Лукаревски ќе одбележи 40 години актерска кариера.

Прашањето што го поставува претстава е дали е животот среќа или стратегија, а делењето карти е метафора за шансите што ги користиме  или не во животот.  Текст е на американскиот драмски автор Доналд Ли Кобурн, кој за него добил Пулицерова награда во 1978 година.

Со Лукаревски на сцената е и актерката Маја Вељковиќ-Пановска. Играат ликови на човек и жена во дом за стари лица кои преку играњето карти се запознаваат и си ги раскажуваат животите.

Според Џолева, текстот е едноставен, но суптилен и со длабока филозофија за животот и порака дека секој ден ни носи ново делење на картите. „Партија реми“, рече таа на прес-конференција, е синоним за играта што сите ја играме во животот кога ќе ни се поделат картите.

– За некои тие се среќни и се чини се им оди наредено, иако не се вешти, а од друга страна има луѓе кои ги знаат сите техники како треба да се живее, но не добиваат наредени карти и е многу важно да се потрудат да најдат начин како да го направат ремито. Конфликтот меѓу едната и другата филозофија на живеење е ставен во домот за стари лица, кога двајцата ги поминале своите животи и ги анализираат грешките што ги направиле, а низ нивната приказна и гледачот во публиката може да размислува за својот живот – рече Џолева.

Taa sакала среќен крај и претставата завршува оптимистички – дозволувајќи им да си дадат уште една шанса, да заминат во живот, да го напушат домот.

Актерот Ѓокица Лукаревски е задоволен што својата 40-годишна активна актерска кариера ја почнал и ја заокружува во Драмски театар.

– За мене Драмски театар засекогаш ќе остане најдобриот во бившите и сегашните простори, без разлика на одредени кризи што ги преживува и кои, секако, ќе ги надмине. Можеби е тажен момент заминувањето од еден простор каде што сум креирал улоги и кој ми значел живот, но не,  јас сум среќен што имам шанса да ги одбележам 40-те години работење – истакна Лукаревски на завчерашната прес-конференција.

Сценографијата е на Доротеа Ѓорѓиевска, костимограф е Лидија Георгиева, а изборот на музиката е на режисерката Џолева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...