Промоција на книгите „Стварно не знам каков наслов” и „Мејлови” 

57

Во Изложбениот салон-Империјал 1 вечерва ќе бидат промовирани книгите „Стварно не знам каков наслов” од Линдита Кадриу и „Мејлови” од Арлинда Зимери и Линдита Кадриу.

Книгата „Стварно не знам каков наслов“ е составена од раскази и есеи, поделени на поглавја за иконичните фигури на авторката за детството во Тетово, работата како новинарка и предавач на факултет, пријателите, соништата и Сонот за Него. Кадриу има објавено две книги и две коавторски.

Арлинда Зимери, родена во 1987 година, е државна правобранителка, психоаналитичарка и писателка и ова е нејзина прва објава.

– Во разбревтано време кога скоро сите брзаат некаде, две пријателки си пишуваат долги или пократки писма на разни теми: љубов, другарство, театар, поезија, стара чаршија и малите лични чинови, единствените кои нѐ менуваат нас и нашата средина, колку-толку, соопштуваат организаторите за книгата „Мејлови“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...