Британската влада одби да објави извештај за мешањето на Русија во изборите

29

Британската влада синоќа повторно одби да објави извештај за можното мешање на Русија во изборите во земјата, тврдејќи дека на владата на премиерот Борис Џонсон и треба повеќе време за да го разгледа документот.

Извештајот на Комитетот за разузнавачки и безбедносни прашања беше испратен до премиерот на 17 октомври, но за да биде објавен, потребно е одобрување од владата.

Доколку извештајот не биде објавен до денеска претпладне, кога ќе се распушти Парламентот, нема да биде достапен за јавноста пред изборите во декември.

Пратениците од повеќе партии, вклучително и конзервативците на Џонсон, ја повикаа владата да го објави извештајот за време на дебатата во Долниот дом, но Кристофер Пинчер од Министерството за надворешни работи рече дека не е невообичаено да потрае разгледувањето на такви извештаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...