Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ денеска изјави дека не учествувал во никакви преговори за отстапување територија на Црна Гора на никого, затоа што, како што рече, такви преговори никогаш немало, ниту може да има.
Тој ова го кажа во црногорскиот Парламент, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот на Демократскиот фронт, Милун Зоговиќ, кој рече дека прашањето за разграничување со Косово не е затворено и оти црногорската страна оставила можност за повлекување од Договорот за разграничување со Косово, иако е ратификуван.
Според Дармановиќ, демаркацијата е завршено прашање и додаде дека односите меѓу Подгорица и Приштина се засноваат на принципите на доверба.