Вучиќ: Во Охрид ќе ги дефинираме приоритетите за „мал Шенген“

121
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, амбасадорот Сем Фабрици, имаше разговори за европските интеграции на Србија и за дијалогот со Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на состанокот Вучиќ истакнал дека Србија е посветена на регионалната соработка, додавајќи дека во таа насока, состанокот овој викенд во Охрид ќе ги дефинира приоритетите на таа соработка, со цел јакнење на регионалната соработка.

Тој нагласил дека Србија мора да продолжи со европскиот пат и оти затоа е важна поддршката на ЕУ во спроведувањето на реформи и на регионалната соработка.

Амбасадорот Фабрици изразил поддршка на европскиот пат на Србија и ја истакнал важноста од поддршката на ЕУ, како во поглед на реформите, така и за регионалната соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...