Мун: Северна Кореја не бара повлекување на американските трупи

Во Јужна Кореја се стационирани 28.500 американски војници, а во Јапонија 50.000.

65

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не бара повлекување на американските трупи од Корејскиот полуостров како предуслов таа држава да прекине со нуклеарната програма, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин.

Во Јужна Кореја се стационирани 28.500 американски војници, а во Јапонија 50.000.

Според Мун, Северна Кореја покажала подготвеност да заврши денуклеаризацијата.

– Тие не поставуваат услов што САД не може да го исполни, како повлекување на американски трупи од Јужна Кореја. Северна Кореја зборува само за прекин на непријателската политика спрема неа, и потоа и за безбедносните гаранции за таа држава, изјави Мун.

Тој треба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да има средба на 27 април додека средбата на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп е планирана за мај или јуни оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...