ЕСМ информира дека во 14.16 часот од електроенергетскиот систем испаднале Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола.
„Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО. Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на земјата“, соопшти ЕСМ.
Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, додаваат од ЕСМ, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем.