Франција воведува квоти за работници од странство

Квотите ќе бидат одредени следното лето,а Владата ќе состави попис на релевантни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти, иако е приоритет да се вратат Французите на пазарите на труд.

164

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти денеска министерката за труд Муриел Пеницауд.

Таа појасни дека квотите ќе бидат одредени следното лето, дополнувајќи дека Владата ќе состави попис на релевантни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти, иако е приоритет да се вратат Французите на пазарите на труд.

– Наш приоритет е да им се помогне на Французите да се вратат на пазарот на труд. Дури потоа ќе се свртиме кон бегалците и ќе им овозможиме да најдат работа – истакна министерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...