Ќе се дебатира за соработката на домашните со странските инвеститори

Ќе се дебатира за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски, а ќе бидат презентирани и успешни приказни на веќе воспоставената соработка.

78

Меѓународна конференција на тема „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странски инвеститори“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатор на конференцијата е Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Најавено е обраќање на Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Дарко Данев декан на Машинскиот факултет во Скопје и Роберт Миновски од Машинскиот факултет – Скопје.

Ќе се дебатира за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски, а ќе бидат презентирани и успешни приказни на веќе воспоставената соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...