САД се сомневаат во способноста на Турција да организира фер избори во вонредна ситуација

САД изразија сомнеж во способноста на Турција да организира фер избори во момент кога во земјата е во сила вонредна состојба.

144

САД изразија сомнеж во способноста на Турција да организира фер избори во момент кога во земјата е во сила вонредна состојба.

– За време на вонредна состојба ќе биде тешко да се спроведат слободни, фер и транспарентни избори, согласно турското законодавство и меѓународните ангажмани на Турција, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Наварт.

Таа потсети дека во Турција во сила е вонредна состојба веќе две години, по неуспешниот обид за преврат во јули 2016 година.

– Имаме загриженост во врска со нивната способност да го сторат тоа за време на таква вонредна состојба, истакна Наварт.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека на 24 јуни во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни и претседателски избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...