Тројца италијански пожарникари загинаа во експлозија што се случи во регионот Пијемонт, северозападна Италија.
Пожарникарите излегле на терен откако биле информирани за експлозија во објект на фарма во провинцијата Алесандрија. Кога тие пристигнале на местото, се случила уште една експлозија.
Италијанските власти истражуваат дали е намерно предизвикана експлозијата.