Свазиленд го менува името

Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“.

407

Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што е неочекувана изјава по повод 50 годишницата од независноста на оваа мала африканска држава.

– Сакам да најавам дека Свазиленд ќе го врати своето оригинално име. После независноста, сите африкански земји ги вратија некогашните имиња, оние од пред колонијализацијата, рече кралот на прославата.

Според него, Свазиленд е единствената земја која го зачува називот од ерата на колонијализмот и земјата од сега официјално ќе се вика Кралство еСватини.

ЕСватини значи „земја на народот Свази“ на свати јазикот. Свазиленд е комбинација од свати и англиски јазик.

Свазиленд, кој се наоѓа меѓу Јужна Африка и Мозамбик, стекна независност од британскиот протекторат во 1968 година.

Кралот Мсвати Трети на власт е од 1986 година и постојано е цел на критики од страна на меѓународната заедница поради луксузниот живот, додека народот живее во сиромаштија, како и поради кршење на човековите права.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...