Оружје од 19. век откриено во Северна Грција

Оружјето било скриено во патна вреќа, а има одредени индиции за незаконска трговија со антиквитети. Истрагата е во тек.

150

Пушки и пиштоли од 19. век се откриени близу езерото Јанина во северна Грција, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Оружјето било скриено во патна вреќа, а има одредени индиции за незаконска трговија со антиквитети. Истрагата е во тек.

Станува збор за 11 пиштоли, четири пиштоли со една цевка, пушка со една цевка, двоцевка, две троцевки, пет мечеви, четири футроли за мечеви и две мачети.

Оружјето е предадено на полициските истражители заради натамошна проверка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...