Заробена сестрата на убиениот лидер на ИД

Таа при заробувањето била заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина. Полнолетните лица кои биле со неа биле на испитување.

128
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Неименуван турски владин претставник синоќа изјави дека во северозападна Сирија е заробена постарата сестра на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Тој тврди дека 65-годишната Расмија Авуд е уапсена во камионска приколка, во која живеела со семејството, во близина на местото Азаз, во сириската област што е под контрола на Турција.

Таа при заробувањето била заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина. Полнолетните лица кои биле со неа биле на испитување.

Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на ал Багдади во северозападна Сирија. Но лидерот на ИД се самоуби активирајќи експлозив.

ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...