Кипар отвори истрага за „златните пасоши“

275

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес вети дека ќе ги укине сите пасоши што „по грешка“ им биле доделени на  богати инвеститори, за кои е откриено дека сториле кривични дела.

Претседателот вели дека е можно да дошло до грешка во давањето  на таквите „златни пасоши“ по претходната, помалку строга, верзија на инвестициската програма.

Американските медиуми пренесуваат дека постои можност 10-15 инвеститори, во текот на проверките, да требало да бидат идентификувани како неподобни, рече кипарскиот претседател.

Анастасиадес кажа дека пасошите ќе бидат укинати кога истрагата ќе потврди дека инвеститорите ги прекршиле правилата за подобност, односно дека се вмешани во перење пари или поврзани со авторитарни влади.

Портпаролот на кипарската Влада, Продромос Продромоу, потврди дека на инвеститорите им се издадени речиси 4.000 пасоши, откако почнала оваа програма на владата, по финансиската криза во 2013 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...