Штаермеркиште и Шпаркасен АГ и официјално станаа нов сопственик на Охридска банка

Сосиете Женерал Групацијата, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и веќе не е нејзин сопственик.

609

Штаермеркиште и Шпаркасен АГ од денеска е сопственик на Охридска банка откако ги купи сите акции на досегашниот сопственик на Охридска банка, француската Сосиете Женерал.

Како што е соопштено, Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) се стекна со 472.839 акции и 91,5733 отсто од гласачките права, додека, пак, Сосиете Женерал Групацијата, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и веќе не е нејзин сопственик.

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...