Американско-руски консултации за подобрување на билатералните односи

На средбата одржана во Белата куќа, Болтон му рекол на Антонов дека нивните земји имаат интерес од подобри односи.

62

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон пред рускиот амбасадор Анатолиј Антонов истакна дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од отстранување на загриженоста на Вашингтон за руската интервенција во изборите, хемискиот напад во Велика Британија, како и од ситуацијата во Украина и Сирија.

Тоа синоќа го соопшти Белата куќа, додавајќи дека ова е прва средба на Болтон, кој ја презеде функцијата претходно овој месец, и рускиот амбасадор Антонов.

На средбата одржана во Белата куќа, Болтон му рекол на Антонов дека нивните земји имаат интерес од подобри односи, но пред тоа мора да бидат решени проблемите околу наводната руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година и труењето на поранешен руски шпион во Англија.

Москва ги негира тие два наводи.

Во соопштението уште се вели дека САД се загрижени и поради ситуацијата во Украина, каде Русија ги поддржува сепаратистите и во Сирија, каде со интервенција во седумгодишна граѓанска војна „балансот на силите е навален во корист на режимот во Дамаск“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...