Осум лица се уапсени од виетнамската полиција во врска со пронајдените 39 тела во камионот ладилник во близина на Лондон минатата недела, објавија денеска државните медиуми.
– Врз основа на информациите што ги добиваме од осомничените, ние активно ќе започнеме истраги за борба и искоренување на тие кругови кои нелегално ги носат луѓето во Велика Британија, соопшти полицијата.
Во петокот виетнамската полиција уапси две лица и продолжи со испрашување на уште неколку поради сомневање дека се вмешани во организиран шверц со луѓе.