Најмалку 15 лица загинаа, а 35 се повредени откако денеска патнички автобус излета од патот и падна во река во планинска област во централен Непал.
Несреќата се случила кај селото Сукута, 45 километри од Катманду, кога автобусот кој патувал од Долах до Катманду паднал во река на длабочина од околу 50 метри и се превртел, соопшти полицијата.
Во потрага на теренот, спасувачите користат чамци, а полицијата соопшти дека некои тела на настраданите се најдени два километра низводно од местото на несреќата.
Засега не е познато како дошло до несреќата и колку луѓе биле во автобусот.