Славески: Кој ќе одговара за ова салто мортале со данокот? ВИДЕО

За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат, бара членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

316

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески денеска коментирајќи ја одлуката на владата за стопирање на мерката прогресивно оданочување рече дека тие биле загрижени затоа што партијата на власт имала идеолошка конфузија подолг временски период.

„Со неверување ја примивме оваа вест ако по начинот на водењето на економските и другите политики, вакво нешто можеби можеше да се очекува. На Социјалдемократскиот сојуз им беа потребни три, четири години да ја спроведат мерката, да стапи во сила за прогресивен данок и зголемување на даноците, од први јануари 2019-та година, имаа доволно време да ги предвидат сите последици, а веќе гледаме дека за десет месеци таа носи штетни последици. Ова говори за тотална идеолошка кофузија во владејачкиот СДСМ, кој што може да се види на полето на економските и социјалните политики својата програма ја темели врз погрешни факти. Оттаму не се случајност погрешните мерки на економско-социјален план, кои даваат сосема спротивни ефекти од прокламираните, а чии што последици ги сносам македонските граѓани – наведе Славески.

Според него, како резултат на воведувањето на прогресивното оданочувањето голем број на млади професионалци, особено од ИТ секторот, лекари и други професии ја имаат напуштено Македонија, а тоа негативно се одразило и врз странските директни инвестиции.

– Што СДСМ им должи на македонските граѓани во однос на ваквото салто мортале? Прво вистински треба да ги вратат парите кај граѓаните, тие постојано убедуваат дека враќале пари кај граѓаните, но гледаме дека со оваа непромислена мерка одземени се пари од голем број на граѓани. СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок. За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат. Затоа што со непромисленото зголемување на даноците најмалку се удри по богатите граѓани како што сега се гледа, како што беше прокламирано, туку цехот го платија посиромашните граѓани – оцени Славевски.

Тој наведе пример со закупот на станови и деловен простор.

– Кога на сопственикот на недвижноста што е предмет на издавање ќе му го зголемите данокот за речиси 100 проценти, тие веднаш прават две работи. Прво или ја зголемуваат киријата што ја плаќаат студенти и младите брачни парови кои изнајмуваат станови или малите бизниси кои изнајмуваат деловен простор, а такви ги има над десетици илјади во Република Македонија, тие се најмногу оштетени. Второ издавачите на недвижности можат да одлучат да не го пријават договорот за закуп во УЈП и со тоа да избегнат плаќање на данок. Владата му предложи на парламентот целоно укинување на овие одредби од законот за личен доход што се однесуваат на прогресивен данок и зголемување на даноците а не одложување за три години – порача тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...