Невреме остави 140.000 домаќинства без струја во Франција

63

Најмалку 140.000 домаќинства денеска останаа без струја откако силно невреме зафати делови на Франција, а многу патишта се блокирани поради искорнети и паднати дрвја.

Во прекин е и железничкиот сообраќај кон неколку правци.

Бурата Амела предизвика и поројни поплави на југоистокот од земјата.

Од еден камп се евакуирани 47 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...