Здружението на новинари на Србија соопшти по повод Меѓународниот ден на борба со неказнување кривични дела над новинари, дека повеќето од оние што се одговорни за напади врз новинари и медиумски работници не се казнети, или „воопшто не е покрената истрага“.
Во соопштението се вели дека бројот на напади и притисоци врз новинари и медиумски работници во 2019 година во Србија е речиси 50 отсто поголем од лани, кога имало 54 случаи, во споредба оваа година кога се регистрирани 77 случаи.
Здружението потсети дека дури 39 новинари и медиумски работници кои работеле за српски редакции, меѓу кои Славко Чурувија, Милан Пантиќ, Дада Вујашиновиќ и жртви на бомбардирањето на РТС, беа убиени, исчезнати или ги загубија животите под нерасветлени околности, во периодот од 1991 до крајот на 2001 година.
Според статистичките податоци на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), во изминатите десет години се убиени 1.064 новинари, а судски епилог има едно од десет убиства.