Повеќе од 300.000 возила се регистрираат и осигуруваат во Косово годишно, но повеќе од 110.000 се нерегистрирани, а 30 проценти немаат валидно осигурување, објави порталот „Газета експрес“.
Директорот на косовското здружение за осигурување, Сами Мазреку, вели дека тој процент на нерегистрирани возила им нанесува голема штета на осигурителните компании кои работат на косовскиот пазар. Тој побара од Министерството за внатрешни работи да ги расчисти списоците со нерегистрирани возила во системот.
– Од минатата година му препорачувавме на Министерството за внатрешни работи да го исчисти списокот на нерегистрирани возила во системот. Постојат над 110.000 нерегистрирани возила. Да се исчисти базата на податоци и потоа да се фокусираме на нашите кампањи – рече Maзреку.