Во Кинотеката на Македонија вечерва во 19 часот со прогласување на победниците во конкуренција на долгометражни и краткометражни играни филмови завршува 8. Филозофски филмски фестивал.
За наградата „Златен був“ (од жири и публика, во двете конкуренции) се натпреваруваа 6 долгометражни и 22 краткометражни филмови.
По свеченото доделување на наградите, во рамките на Ревијалната програма Филм-филозофија и во соработка со Италијанската амбасада во Скопје, публиката ќе има можност да го погледне филмот „ Смрт во Венеција“ од 1971година на Лукино Висконти базиран на истоименото дело на Томас Ман.