Продолжуваат антивладините протести во Багдад

37

Десетици илјади луѓе денеска протестираа на плоштадот Тахрир во Багдад, што е најмасовен протест во последниот месец.

Демонстрантите бараа брза промена на политичкиот систем воспоставен по американската инвазија во 2003 година, кого го обвинуваат за корупција, висока стапка на невработеност и лоша јавна управа.

Поради протестот во Багдад е зајакната безбедноста посебно на двата моста кои водат до Зелената зона, каде се лоцирани Владата и странските амбасади.

На денешниот протест повредени се најмалку 350 лица кога безбедносните сили употребија солзавец и гумени куршуми со цел да ги оддалечат демонстрантите од мостовите.

Најмалку 225 лица се убиени во двата големи протести во октомври.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...