Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ја намали помошта за безбедност за Либан за 105 милиони долари, изјавија двајца неименувани американски претставници.
– Стејт департментот вчера го извести Конгресот дека Канцеларијата за буџет на Белата куќа и Советот за национална безбедност одлучила да ја укинат странската воена помош.
Таква одлука уследи откако либанскиот премиер Сад ал Харири во вторникот поднесе оставка.
Се уште не е позната причината зошто е намалена помошта за Либан.
Вашингтон повеќе пати изрази загриженост поради се поголемата улога во либанската Влада на Хезболах, вооружена шиитска група која има поддршка од Иран, а во САД се наоѓа на црната листа.
По оставката на Харири уследија големи демонстрации против Владата, а американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика либанските политичари да помогнат во формирање на нова влада, која ќе одговара на потребите на народот и побара ставање крај на корупцијата.