Макрон стравува од нови протести на „жолтите елеци“

Елисејската палата, која беше блокирана од движењето на „ жолтите елеци “, е длабоко загрижена пред годишнината од движењето „жолти елеци“ на 17 ноември. Првите блокади на кружните текови, првите протести поради политиката на Владата за куповна моќ започнаа на 17 ноември 2018 година. Се поставува прашањето дали е можно сето тоа да се повтори за две недели

63

Како што се приближува првата годишнина од движењето на „жолтите елеци“, рејтингот за доверба во францускиот претседател Емануел Макрон останува 30 отсто според испитувањето на „Кантар Опинион“ за Фигаро Магазин, јави дописникот на МИА.

Елисејската палата, која беше блокирана од движењето на „ жолтите елеци “, е длабоко загрижена пред годишнината од движењето „жолти елеци“ на 17 ноември. Првите блокади на кружните текови, првите протести поради политиката на Владата за куповна моќ започнаа на 17 ноември 2018 година. Се поставува прашањето дали е можно сето тоа да се повтори за две недели.

Нискиот рејтинг за доверба на претседателот Макрон значително гo ограничува неговиот простор за маневрирање.

Испитувањето на јавното мислење покажува дека 67 отсто од анкетираните немаат доверба во нивниот претседател. Од деталите на испитувањето се гледа дека тој најголема доверба ужива меѓу граѓаните над 64 години со 37 отсто доверба, а најмалку доверба во него имаат младите од 25 до 34 години со 74 отсто недоверба, како и оние од 35 до 49 години со 71 отсто недоверба. Според професиите најмногу доверба му даваат интелектуалците со 41 отсто на доверба, а најмалку работниците со 76 отсто недоверба.

Според анкетата на „Фигаро“, најмногу доверба (47 отсто) Французите имаат во поранешниот министер за екологија, кој поднесе оставка, Никола Уло, следува градоначалничката на Париз, Ан Идалго со 24 отсто и на Лил, Мартин Обри исто така со 24 отсто доверба. Од редовите на десницата најмногу доверба добива Никола Саркози со 22 отсто и Ксавие Бертран со 22 отсто. Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен ужива само 18 отсто доверба кај Французите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...