Факултетот за драмски уметности вечер во МНТ одбележува 50 години

146
20130531 Friday 1109 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Факултетот за драмски уметности во Скопје вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одбележи 50 години постоење. За јубилејот е подготвен перформансот „Живот за еден сон“ на кореографката  и професорка на ФДУ Невзати Кренаре, со што воедно ќе почнат и 28-те интернационални студентски средби „Скомрахи 2019“.

Средбите ќе траат до 5 ноември и, како што најавија организаторите, ќе имаат богата програма – пет претстави и триесет филмови на студенти од Скопје, Сараево, Приштина, Љубљана, Софија, Загреб и Звечан.

Факултетот за драмски уметноти почнал со работа на 4 ноември 1969 кога бил основан Одделот за глума при Вишото музичко училиште во Скопје, кое во 1979 прераснало во Факултет за музика и драмски уметности, со два оддела – факултет за музика и факултет за драмски уметности. Како независна академска институција во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултетот за драмски уметности функционира од 1987 година.

На ФДУ може да се студира на одделите за продукција, режија, камера, драматургија, монтажа и актерска игра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...