Четириесет и шестгодишниот Мухамед Абдул Шакур, кој брутално ги уби 26-годишната сопруга Џули Бегум, како и ќерките Аника и Танка Канум, најпосле е фатен, пренесува „Метро“.
Тој ја задавил петгодишната ќерка со чорап, а сега по 12 години во бегство конечно е фатен. Шакур злосторствата ги извршил на Нова година во 2007 година. Тој потоа избегал во Бангладеш, каде се заканувал на сестрата на убиената.
– Немој да кажеш дека јас ја убив сестра ти. Ако кажеш, ќе те убијам и тебе и твоите деца – се заканил тој.
Другата сестра на Бегум пријавила во полиција дека Џули ја нема, по што најдени се мртвите тела на 10 јануари во Лондон.
Петгодишната Аника е најдена кај телото на мајка си, а нејзината шестгодишна сестра била на подот со скршен череп и крв на сите страни.
Мајката најверојатно била задавена со перница, а нејзиниот накит бил исчезнат.
Парот имал договорен брак во Бангладеш кога Бегум имала само 19 години. Откако жртвата се преселила во Лондон со него, започнало насилството.
Во 2001, кога Бегум била во седмиот месец од бременоста, Шакур со нож се заканувал дека ќе ја убие и нејзе, но и нејзиното семејство.
Според зборовите на сестрата на убиената, Шакур не ги сакал децата бидејќи биле женски, а тој сакал да има машки деца.
– Абдул Шакур го уништи нашето семејство. Го зеде животот на една добра и посветена мајка и сестра, а им ја зеде иднината и на две прекрасни девојчиња – вели семејството на жртвата.