Санчес: Нема да има „онлајн“ независност на Каталонија

Владата во Мадрид денеска ќе одобри указ, со кој се обврзуваат сите јавни администрации да ги уредуваат своите веб-страници во Европската унија. Мерката, која е дел од владината кампања против сепаратистичките активности на интернет, има за цел да стави крај на нивната желба за создавање „дигитална република“.

75
ФОТО: EPA / BALLESTEROS

Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави денеска дека неговата социјалистичка влада нема да дозволи „онлајн“ независност на Каталонија.

– Им се обраќам на каталонските сепаратисти. Нема да има независност, нити офлајн, ниту онлајн. Законитоста ќе биде исто толку моќна онлајн, како што е и во реалниот свет – истакна Санчес.

Владата во Мадрид денеска ќе одобри указ, со кој се обврзуваат сите јавни администрации да ги уредуваат своите веб-страници во Европската унија. Мерката, која е дел од владината кампања против сепаратистичките активности на интернет, има за цел да стави крај на нивната желба за создавање „дигитална република“.

Сепаратистички политичари, вклуќувајќи го и поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон, создадоа на интернет „Совет на каталонската република“, кој според нив веќе има 80.000 следбеници. Шпански судија донесе одлука за затворање на сајтот на тајната каталонска протестна група „Демократско цунами“. Веднаш потоа, групата ја премести својата страница на друга интернет адреса.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...