Следејќи ги динамичните финансиски трендови, Стопанска банка а.д. Битола и
Генерали Инвестментс АД Скопје креираа нов комбиниран производ – Инвестициски
депозит во кои ги интегрираа сигурноста и инвестициите. Инвестицискиот депозит е
прв производ од овој тип на пазарот кој е креиран за да излезе во пресрет и да ги
задоволи специфичните потребите на потрошувачите и воедно да понуди
дополнителна вредност на нивната инвестиција. Во услови кога финансискиот пазар се
соочува со намалување на каматните стапки на депозитите, Инвестицискиот депозит
на Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје кој претставува
комбинација од депозит и вложување во инвестициски фонд им нуди единствена,
премиум каматна стапка на клиентите.
Максималниот износ на овој депозит е 10.000 евра или соодветна денарска
противвредност, а рокот на орочување е 36 месеци со најконкурентна фиксна каматна
стапка од 3,5% на годишно ниво за денарски депозити или 2,4% за депозити во евро
валута (фиксна каматна стапка на влогот на банката +1% годишно бонус на камата на
депонираниот влог). Половина од средствата клиентот ги орочува во Банката како
депозит, а со другата половина од средствата купува удели во фондот Генерали Топ
Брендови, кој е управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски
фондови Генерали Инвестментс АД Скопје.
– Соработката на два големи, силни и препознатливи брендови како што се
Стопанска банка а.д. Битола која на пазарот постои и успешно работи повеќе од 70
години и Генерали Инвестментс АД Скопје како докажан лидер во обезбедувањето на
професионални услуги за управување со средства носи новитет и свежина на
финансискиот пазар во земјава и нуди сигурност, избор и пред се значајни предности
и добивка за оние кои сакаат да ги инвестираат своите средства – велат од
Стопанска банка а.д. Битола
Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на @Blue Chip”
компании. Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните
брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и
сигурен раст на сопствениот влог. Неговата суштина е во флексибилноста, што значи
приспособување кон условите на пазарот. Генерали Топ Брендови е комбинација од
сигурност и профитабилност.