Во Белгија пронајдени 12 мигранти во камион-ладилник

169
ФОТО: EPA / VICKIE FLORES

Белгиската полиција денеска пронајде 12 мигранти во камион-ладилник на еден паркинг на автопат во северниот дел на Белгија.

Полицијата интервенирала откако добила повик од возачот на камионот, истакна портпаролка на федералната полиција.

Возачот, кој превезувал овошје и зеленчук, ја повикал полицијата и биле пронајдени 12 мажи од сириско и суданско потекло. Мигрантите биле однесени во Канцеларијата за имиграција во Антверпен.

Минатата недела во Британија, во камион-ладилник пронајдени се тела на 39 мигранти. Камионот во Британија пристигнал од белгиското пристаниште Зебриж.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...