Колинда не сака ни да размислува за паѓање на владата на Пленковиќ

57
ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска изјави дека за евентуално паѓање на владата на Андреј Пленковиќ не сака ни да размислува, бидејќи станува збор за хипотетичко прашање.

– Не учествувам во тие преговори, но верувам дека сите размислуваат дека стабилноста на владата е важна не само во контекст на претседавањето на Хрватска со Европската унија, туку и за продолжување на позитивните макроекономски трендови – посочи таа.

Изјавата на хрватската претседателка доаѓа откако се почесто во јавноста се спомнува можноста од предвремени избори, откако коалицискиот партнер на ХДЗ  – Хрватската народна партија (ХНС) му порача на премиерот Андреј Пленковиќ дека ќе ја напуштат коалицијата доколку не се најдат финансиски средства за поголеми плати на вработените во училиштата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...