Анѓушев: Младите со бизнис идеја да се охрабрат и да започнат бизнис ВИДЕО

141

Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит во рамките на „Натпреварот за убедување“ (Pitching competition), имаа можност да ги презентираат своите бизнис идеи пред шестчлена жири комисија, во која учество зема и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот го изрази задоволството од организацијата на овој настан и потенцираше дека е ова добра можност младите претприемачи да ги презентираат потенцијалите на своите старт ап компании.

– Економијата на Република Македонија треба да се базира на иновативни проекти, да биде движена од млади, едуцирани и креативни претприемачи. Ги повикувам сите луѓе со бизнис идеја да се охрабрат и да започнат со бизнис, затоа што сега, како никогаш досега, Владата ќе ги подддржи во реализацијата на идеите. Токму затоа во третиот столб на Планот за економски раст, предвидовме мерки со кои се овоможува силна поддршка на старт ап, малите и средни компани, а кои ќе се реализираат преку Фондот за иновации и технолошки развој. Веќе наредната седмица Фондот ќе го објави првиот повик за поддршка на микро, малите и средни компании, каде што ќе бидат наменети средства за поддршка на овие компании – изјави Анѓушев.

Победникот на натпреварувањето, според оценките од жири комисијата, старт ап компанијата Meerkkido од Босна и Херцеговина, доби награда во форма на ваучер со кој се овозможува учество на глобалнaта конференција „1 Million Start Ups“, која ќе се одржи во Виена во септември оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...