Индустриско производство порасна за 6,1 отсто во септември

Во однос, пак, на перидот јануари − септември лани растот изнесува 5,6 отсто.

90

Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 6,1 отсто. Во однос, пак, на перидот јануари − септември лани растот изнесува 5,6 отсто. Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7,4 отсто, во „преработувачка индустрија“ пораст од 4,6 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е забележано зголемување од 32,2 отсто.

По главните индустриски групи, производството во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај „енергијата“ за 25,5 отсто, „капитални производи“ за 6,4 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 14,7 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7 отсто, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи“, освен енергија за 3,5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...