Долниот дом на британскиот Парламент го изгласаа предлогот на премиерот Борис Џонсон за организирање на избори на 12 декември.
За предлогот на Џонсон за предвремени парламентарни избори „за“ гласаа дури 438 пратеници, а 20 се изјаснија „против“.
Ако Домот на лордовите го потврди изгласаното во Долниот дом од британскиот Парламент, тоа ќе бидат прв избори во Велика Британија што ќе се одржат во декември од 1923 година.
Џонсон до Парламентот поднесе предлог за распишување на вонредни избори со цел да се реши кризата за Брегзит, бидејќи се надева дека конзервативците ќе добијат мнозинство, што би го олеснило процесот на усвојување на договорот за Брегзит.
Но, британскиот Парламент синоќа го одби предлогот Џонсон за одржување на предвремени избори на 12 декември. Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство. „За“ предлогот гласаа само 299 пратеници.