Павлопулос – Брнабиќ: До крајот на годинава ќе го потпишеме и Договорот за стратешко партнерство

94

За билатералните односи, регионот, за претстојната посета на српскиот претседателот на Атина и третиот Висок совет на соработка меѓу Србија на Грција, беа темите на средбата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и српската премиерка Ана Брнабиќ, jави дописничката на МИА од Атина.

– Искрено се стремиме на дополнително подобрување на односите меѓу Грција и Србија, признавајќи ја во исто време клучната улога на вашата земја за безбедноста и стабилноста во нашиот поширок регион. Покрај тоа, практично ја поддржуваме европската перспектива на Србија – рече Павлопулос на почетокот на средбата со премиерката на Србија и додаде дека Атина е секогаш подготвени да му понуди каква било помош на Белград на патот кон ЕУ.

Брнабиќ наведе дека се работи на изнаоѓање датум во текот на декември за претседателот на Србија да ја посети Грција во рамките на Највисокиот совет на соработка меѓу двете земји.

– До крајот на оваа година ќе го потпишеме и Договорот за стратешко партнерство, што ќе биде кулминација на нашата многу добра соработка и мислам дека е нешто што ќе ни помогне да отвориме и други врати во нашата соработка. Ви благодарам многу за вашата поддршка на европскиот пат на Србија. Ви благодарам многу за вашата поддршка за Западен Балкан за да биде регион на безбедност и стабилност. Многу ви благодарам и за поддршката за мојата земја во однос на прашањето со Косово, посочи премиерката на Србија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...