Телеком Косово блокиран не плаќал даноци

Информацијата ја потврди и извршниот директор на Телеком Бедри Истрефи. Тој рече дека побарале разбирање од Даночната служба и да им се овозможи долгот да го исплатат на рати, но тоа не им било одобрено.

217

Сите сметки на Телеком Косово се блокирани поради обврските на оваа институција кон Даночната администрација на Косово, пренесува инфо.кс.нет.

Информацијата ја потврди и извршниот директор на Телеком Бедри Истрефи. Тој рече дека побарале разбирање од Даночната служба и да им се овозможи долгот да го исплатат на рати, но тоа не им било одобрено.

Тој оцени дека неуспехот на Даночната администрација да пронајде решение ја загрозува не само исплатата на платите на вработените, туку и фирмата ја носи пред банкрот.

– Важечките закони се на наша страна, бидејќи Даночната служба мора да води сметка и за добробитот на вработените и за судбината на компанијата, која со оваа постапка ризикува банкрот – истакна Истрефи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...