Парламентот на Киргистан ѝ изгласа недоверба на Владата

Во Киргистан постои јавна борба за политичка надмоќ меѓу претседателот Женбеков и лидерот на владејачката Социјалдемократска партија, Алмазбек Атамбаев.

78

Парламентот на Киргистан денеска ѝ изгласа недоверба на Владата на премиерот Сапар Исаков.

За недоверба на Владата на Исаков гласаа 101 од вкупно 112 присутни пратеници.

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков по гласањето ја распушти Владата.

Согласно Уставот, шефот на државата има право да ја распушти Владата или да ја укине одлуката на Парламентот и да го остави Кабинетот на власт.

Во Киргистан постои јавна борба за политичка надмоќ меѓу претседателот Женбеков и лидерот на владејачката Социјалдемократска партија, Алмазбек Атамбаев.

Откако дојде на власт во ноември минатата година, Женбеков ги разреши шефовите на службата за државна безбеднот и обвинителството, кои ги назначи неговиот претходник Атамбаев. Разрешувањето на Исаков е неговиот следен чекор во таа насока.

Атамбаев го поддржа Женбеков на претседателските избори, но неодамна почна да го критикува, што многумина го толкуваат како знак дека меѓу двајцата функционери постои раскол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...