Нема договор меѓу СОНК и МОН, преговорите продолжуваат

134

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

– За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои ни треба дополнително време да ги разгледаме од наша страна. До крајот на неделата сигурно повторно ќе имаме работен состанок и мислам дека тоа што го постигнавме досега е за поздравување – изјави Адеми.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...