Погледајте колку капитални инвестиции реализирале буџетските кориснци

Новата алатка покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира, соопшти денеска Министерството за финансии.

72

На веб страницата на Министерството за финансии денеска е објавена нова алатка за транспарентност преку која може да се следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето.

Новата алатка покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира, соопшти денеска Министерството за финансии.

Објавените податоци покажуваат дека заклучно со септември се реализирани вкупно 37,64 проценти од предвидените капитални инвестиции, односно од 138.955.547 евра од проектираните 369.208.020 евра. Алатката покажува дека министерството за информатичко општетсво и администрација реализирало 13,1 процент, за труд и социјална политика 21 процент, за земјоделство 24,16 проценти, за образование 30 проценти, за животна средина 33 проценти, за здравство 39,62 процента, за економија 55,87 проценти, за транспорт и врски 58,98 проценти, за финансиии 76,51 процент.

Со ребалансот на Буџетот капиталните инвестиции беа намалени за околу 50 милиони евра и од претходно планираните 420 милиони евра беа проектирани на 370 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...